Прв вебинар на практичната платформа, развиена во рамките на проектот Erasmus+ TechMP

Настани

Прв вебинар на практичната платформа, развиена во рамките на проектот Erasmus+ TechMP

Во рамките на платформата за практична обука развиена во проектот „Подобрување на наставата, учењето и истражувањето во медицинската физика во земјите на Југоисточна Европа преку употреба на современи технологии, иновативни педагошки методи и клиничка пракса", се организира вебинар на тема „Професионални организации во медицинската физика и нивната улога во поддршката на образовните технологии за глобален професионален развој."

Настанот е закажан за 7 април во 14:00 часот на Zoom. Вебинарот ќе го презентира проф. Славик Табаков, координирачки директор на Меѓународниот колеџ за медицинска физика при Меѓународниот центар за теориска физика во Трст.

Преземете го соопштението за печатот

Преземете ја биографијата на проф. Славик Табаков

Copyright ©2026 Improving teaching, learning and researching in medical physics in SE European countries using modern technologies, innovative pedagogies and clinical practice


main version