За проектот „Подобрување на настава, учење и истражување во медицинската физика во земјите од Југоисточна Европа преку употреба на современи технологии, иновативни педагогии и клиничка пракса“
Универзитетот во Крајова, во партнерство со Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Паисиј Хилендарски“ во Пловдив, Аристотеловиот универзитет во Солун и Општата болница „Папагеоргиу“, го започнува проектот „Подобрување на настава, учење и истражување во медицинската физика во земјите од Југоисточна Европа преку употреба на современи технологии, иновативни методи на настава и клиничка пракса“, финансиран од програмата Еразмус+, Клучна акција 2 – Партнерства за соработка во високообразованието.
Периодот на реализација на проектот е три години, од 1 ноември 2025 до 31 октомври 2028 година. Максималниот буџет на проектот изнесува 400.000 евра. Целната група на проектот вклучува 60 студенти и 12 наставници од четирите партнерски универзитети.
Проектот има за цел да ги развие клиничките и теоретските вештини на студентите и наставниците кои предаваат предмети од областа на медицинската физика. Проектот, исто така, има за цел да ја подобри клиничката искуственост на наставниот кадар, истражувањето во медицинската физика, мрежата на соработка и методите на настава кои се користат во медицинската физика, за да го направат наставниот процес поинтерактивен и попривлечен за студентите.
Проектот ќе овозможи размена на искуства и добри практики меѓу партнерските универзитети во однос на наставните активности, организирањето на работилници, вебинари и конференции за студенти, заедничко изработување на наставни материјали и пишување на научни трудови.
Активностите на проектот се организирани во три работни пакети: WP1 – Управување со проектот WP2 – Изработка на наставни материјали кои ќе се користат во активностите со студентите и наставниците во рамките на заедницата на практика WP3 – Организирање на активности со студентите и наставниците во заедницата на практика создадена во рамките на проектот
Конференцијата за официјално лансирање на проектот ќе се одржи на 29 ноември 2025 година со почеток во 9:30 часот, на Универзитетот во Тетово, Северна Македонија. По конференцијата ќе следи транснационален состанок.